Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Андриј Парубиј поднесе оставка, јави ИТАР-ТАСС.
На својот Фејсбук профил Парубиј вели дека смета за неприфатливо да ја коментира оставката за време на војна.
Претседателот Петро Порошенко ја прифатил оставката, соопшти прес-службата на шефот на државата.