Седум луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на автомобил-бомба на граничниот премин Џилвегозју во округот Хатах, на турско-сириската граница.
Градоначалникот на Рејханл, Хусеин Шанверди изјави дека на лице место загинале пет луѓе, а уште двајца починале во болница.
На граничниот премин експлодира автомобил со сириски регистерски таблички. Експлозијата предизвикала штета на околу 15 автомобили.