Седум жртви во автобуската несреќа во Шпанија

Од:

Шпанските власти денеска соопштија дека пронашле уште едно тело откако автобус падна од висина од 30 метри од мост во река на Бадник, со што бројот на загинати се искачи на седум, јави агенцијата Анадолија.

Операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек, бидејќи еден преживеан патник рече дека средовечна жена со која патувал исчезнала, соопшти владиниот делегат на Галиција, Хозе Минонес.

Првичната потрага по осум наместо девет лица се заснова на изјавата на возачот, кој е уште еден преживеан.

Шпанските власти соопштија дека причината за падот на автобусот од мостот сè уште е нејасна, иако регионалниот претседател Алфонсо Руеда како можна причина го навести лошото време таа ноќ. Тестовите на возачот биле негативни на алкохол и дрога.

Автобуската компанија „Монбус“ сообраќаше меѓу градовите Луго и Виго, потсетува Анадолија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

САД: Се преврте автобус на автопатот 20 во Мисисипи, загинаа седум патници

Автобуска несреќа во Турција, двајца загинати, 35 повредени

Шестмина повредени во автобуска несреќа во Србија

Горан Наумовски

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Турција: Најмалку две лица загинаа во верижен судар на два автобуси и камион

Горан Наумовски