Седум амбасади од ЕУ: Судските реформи се закана за напредокот на Романија

Од:

Во заедничко писмо на седум амбасади од земји-членки на ЕУ до владејачките парти во Романија, се повикува да се избегне секаква акција што би довела до слабеење на независноста на судството.

Амбасадите на Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија и Шведска побараа од властите во Романија да се консултираат со Венецијанската комисија во врска со спорните закони во правосудната сфера.

– Признаваме дека Романија постигна значителен напредок во текот на последната деценија, во смисла на уредувањето на патот и спроведување на веродостојни реформи во правосудниот систем. Сепак, нашето верување е дека неодамнешните закони за судските реформи во нивната сегашна форма, како и неодамна предложените измени во кривичните закони, ризикуваат да ги изложат овие успеси во ризик, велат од амбасадите.

Тие повикуваат на избегнување било каква акција која може да доведе до слабеење на независноста на судството и борбата против корупцијата и веднаш да побараат мислење од Венецијанската комисија.

– Веруваме дека сите политички фактори инволвирани во овој процес ќе обрнат соодветно внимание на оваа оправдана загриженост во согласност со нашата заедничка европска посветеност. Ние сме подготвени и во иднина да ја поддржуваме Романија во нејзините напори да се придржува кон оваа обврска, се наведува во пораката.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски