Бројот на загинати во експлозија и пожар во складиште за гориво во Нагорно Карабах се искачи на 170, соопштија денеска официјални лица, пренесува Ројтерс повикувајќи се на локалните медиуми.
Властите не кажаа што ја предизвикало експлозијата, а дошло додека илјадници етнички Ерменци бегаат од отцепената енклава што ја зазеде Азербејџан во молскавична воена операција.
Спасувачката операција на местото на експлозијата се уште е во тек, наведува Ројтерс.