Најмалку 35 лица загинаа откако со ракетен фрлач бил погоден камион кој пренесувал повредени, а се наоѓал во област околу аеродром во Доњецк на исток на Украина.
Гувернерот на Доњецката област Павел Губарев на „Фејсбук“ објави дека камионот бил обележен како амбулантно возило и наведе дека во нападот се повредени 15 лица.
Во судирите во Славјанск во источниот регион на оваа област, се убиени двајца цивили, а неколку се повредени, кога стамбениот дел од периферијата на градот се нашол под артилериски оган.
Според првичните извештаи на агенциите, силите за самоодбрна на Доњецк, успеале да воспостват контрола над меѓународниот аеродром во овој град. Борбата за аеродромот траела околу три часа и била доста драматична.
Е. Г.