Се затвораат училишта поради загадениот воздух во Њу Делхи

Од:

Основните училишта во Њу Делхи од утре ќе бидат затворени, а се разгледува и ограничување на патниот сообраќај, бидејќи во главниот град на Индија и понатаму е високо нивото на загадување на воздухот, соопштија денеска властите.

„Од утре ги затвораме сите основни училишта во Њу Делхи. Ги укинуваме и училишните активности на отворено“, соопштија од надлежното Министерство на прес-конференција, додавајќи дека поради загадувањето се разгледува и ограничување на сообраќајот на патиштата.

Одлуката следува откако загрижени родители и еколози на социјалните мрежи ги повикаа властите да размислат за влијанието на загадувањето врз децата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени