Се заглавила меѓу ѕидови, соседите мислеле дека е дух

Од:

Кинеска од провинцијата Анхуј помина цела ноќ заглавена меѓу два ѕида, а соседите не повикале спасувачки тим затоа што мислеле дека се работи за дух.

Иако жената викала и довикувала помош соседите повикале пожарникари после седум часа. Жената во замката паднала додека се враќала од работа во доцните вечерни часови.

Таа сакала да дојде дома по покус пат, минувајќи меѓу два ѕида. Сепак, не претпоставила дека преминот меѓу ѕидовите се стеснува. Кога стигнала на половина пат се заглавила и не можела ни напред ни назад.

Иако довикувала помош никој од соседите не повикал помош затоа што мислеле дека слушаат духови.

Спасот за жената стигнал во првите утрински часови кога ја видел случаен минувач. Тој повикал пожарникари кои жената ја извадиле од стапицата за околу 20 минути. Морале да го скршат ѕидот со чекани и пневматска бушалка.

Во текот на акцијата за спасување, жената е полесно повредена откако невнимателен пожарникар ја удрил жената со чекан.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија