Јеменски воен авион се урна денеска во станбен кварт во Сана при што пилотот загина, а најмалку четири куќи се запалиле, соопшти неименуван воен извор.
Авион од руско производство Сухој паднал во јужниот станбен кварт Ел Ашаби.
Безбедносните сили го изолирале реонот, а неколку амбулантни возила пристигнале на местото на несреќата.
Причините за несреќата ги истражуваат воени експерти.
Во февруари, воен авион што бил на обука се урнал во Сана, и тогаш десет лица загинале и две куќи се уништени.