Авион, во кој според локалните медиуми се наоѓал лекарскиот тим кој тргнал во посета на поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, се урна во планините на ЈАР и сите 11 патници и членови на екипажот загинале.
Остатоците на воениот авион од типот „Дакота“, кој рано изутринава исчезна од радарот, пронајдени се во областа Џајантс касл во планините Дракенсберг во јужноафриканската провинција Квазулу Натал.
Портпаролот на јужноафриканските оружени сили Сипиве Дламини потврди дека авионот полетал од воздухопловната воена база Вотерклуф во Центурион во Источен Кејп и исчезнал рано изутринава од радарот.
Според медиумите, воениот авион превезувал лекарски тим кој тргнал во рутинска посета на 94-годишниот поранешен јужноафрикански претседател и легенда во борбата против апартхејдот Мандела во неговото родно село Куну во југоисточниот дел на земјата.