Се укинува полуавтономниот статус на Кашмир под контрола на Индија

Од:

Индија официјално воведе закон со кој се укинува полуавтономниот статус на Кашмир под контрола на Индија и започнува директно федерално владеење над спорната област.

Парламентот на Индија промената на законот ја одобри на почетокот на август.

Овој закон ја дели поранешната држава Џаму-Кашмир на две територии под сојузната администрација.

Хиндуистичката националистичка влада на премиерот Нарендра Моди испрати илјадници дополнителни трупи и уапси антииндиски, како и проиндиски активисти, пред да воведе промени во регионот со мнозинство муслиманско население.

Најочигледно е укинувањето на сопственото знаме и уставот на Кашмир, кои беа елиминирани како дел од новиот статус на регионот.

Пред најголемите политички промени во индискиот Кашмир, властите го затворија пристапот до Интернет, мобилните и фиксните телефонски услуги и кабелската телевизија за 12,5 милиони луѓе во регионот.

Властите го ограничуваат пристапот до Интенет со образложение дека бунтовниците најверојатно го користат за организирање антииндиски протести и насилства.

И покрај опсадата на десетици илјади владини сили, стотици антииндиски протести и судири избувнаа низ целиот регион. Најмалку три лица загинаа, а стотици се повредени.

И Индија и Пакистан, нуклеарно вооружени ривали, имаат права на целиот Кашмир, додека секој од нив контролира еден дел од овој хималајски регион.

Пакистан остро реагираше на промените што Индија ги воведе во областа што ја администрира со прекинување на дипломатските односи со ЊуДелхи и прекинување на билатералната трговија. Исто така ги прекина железничките, автобуските и поштенските услуги.

Индија и Пакистан водеа две војни поради контрола над Кашмир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати