Се пука во главниот град на Нагорно Карабах, мировните преговори траеја многу кратко

Од:

Азербејџан денеска одржа мировни преговори со етничките Ерменци од Нагорно-Карабах, откако сепаратистите од регионот беа принудени да се предадат по воениот пораз што поттикна повици за оставка на ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

Фотографиите испратени до Ројтерс покажуваат дека официјални лица од двете страни седат на мала тркалезна маса во азербејџанскиот град Јевлак. Ниту два часа по веста дека преговорите започнале, од азербејџанските новински агенции следеа вести дека тие се завршени.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави вчера дека неговата „железна тупаница“ ја префрлила во историјата идејата за посебен ерменски Карабах. Тамошните Ерменци рекоа дека немаат друг избор освен да ги прифатат условите на Баку, откако азербејџанската армија ги проби нивните линии во 24-часовна офанзива.

Ерменските власти во главниот град Карабах, кој Ерменците го нарекуваат Степанакерт, тврдат дека денеска во градот се слушаат пукотници, а истото го јавуваат и сведоци на Ројтерс на лице место. Ерменците го обвинуваат Азербејџан за прекршување на примирјето и ги советуваат неговите жители да останат дома.

Министерството за одбрана во Баку соопшти дека овие наводи се лажни и дека нивната цел е „дезинформација“. Како дел од договорот, ерменските сепаратисти мора да се распуштат и разоружаат, а регионот со 120.000 жители целосно ќе се интегрира во Азербејџан.

Брзата победа на Азербејџан е кулминација на децениската борба за контрола на Карабах, меѓународно признатиот дел од Азербејџан со мнозинство Ерменци.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртвите од експлозијата во складиштето за гориво во Нагорно Карабах

Потпишан декрет: Нагорно Карабах престанува да постои

Горан Наумовски

Во Нагорно Карабах загинаа 192 азербејџански војници, ранети се 511

Продолжува егзодусот од Нагорно Карабах, над 13.000 бегалци пристигнаа во Ерменија

Најмалку 20 загинати во голема експлозија во Нагорно Карабах

Ерменците се предадоа по 24 часа војна