Се помалку жени во Турција работат

Од:

Се помалку жени во Турција работат, соопшти претставник на Фонд на ОН за населението за Турција, објави Хуриет дејли њуз.

Претставникот на ОН, Захидул Хук изјави во интервју за весникот дека иако се направени редица чекори по однос на рамноправноста меѓу половите во Турција, бројот на жени кои работат е намален за десет отсто.

Во 2000 година 40 отсто од жените во Турција имале работно место, додека во 2012 година само 27 отсто од жените во таа држава оделе на работа.

Хук нагласи дека недостигот од институции за грижа на деца како и традиционално конзервативниот однос на мажите во турските семејства се меѓу причините за тие цифри.

Во парламентот на Турција 14,1 отсто од пратениците се жени додека во локалната власт таа цифра е само два отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски