Санчез најави дополнителни 2,3 милијарди евра за реконструкција по поплавите

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска најави дополнителна помош од 2,3 милијарди евра за рехабилитација во регионот на Валенсија, кој минатиот месец ги доживеа најсмртоносните поројни поплави во модерната историја на Шпанија.

Шпанската влада претходно објави пакет помош во вредност од 14,36 милијарди евра за домаќинствата и бизнисите кои претрпеа штети поради поплавите, пренесува Ројтерс.

Невремето во Шпанија започна на крајот на октомври, по што следеа големи поплави, кои најтешко го погодија регионот на Валенсија, каде загинаа повеќе од 220 лица, а пет лица се уште се водат како исчезнати, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224

Шпанија најави 3,76 милијарди евра нова помош за Валенсија по поплавите

213 лица загинаа, 2.000 се водат како исчезнати по поплавите во Валенсија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Меѓу настраданите во поплавите во Шпанија има и деца

Горан Наумовски

ВИДЕО: Порој ја носи колата со жена заробена на покривот која едвај се држи