Самоубиствен бомбашки напад во Могадишу

Од:

Силна експлозија одекна денеска во сомалискиот главен град Могадишу, откако бомбаш самоубиец со автомобил преполн со експлозив удрил во едно возило во близина на меѓународниот аеродром, каде што се сместени мировните сили на Африканската унија.

– Автомобилот-бомба експлодира во близина на местото Афисион. Добивме информации дека бомбашот-самоубиец удрил со автомобилот полн со експлозив во еден камион, изјави припадникот на сомалиската полиција, Ахмед Адан.

Засега нема информации за евентуални жртви во нападот.

Очевидци тврдат дека виделе облак од чад по експлозијата, а безбедносните сили отвориле оган со цел да ги растераат луѓето кои се приближувале кон местото на инцидентот.

Подрачјето на аеродромот е главна база за вооружените сили на Сомалија, а тука се наоѓаат и неколку странски амбасади, како и силите на АУ кои се борат против екстремистите на групата „Ал Шабаб“, која е поврзана со Ал Каеда. Аеродромот во Могадишу честопати бил мета на екстремистички напади.

Би можело да ве интересира

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ