Самопрогласената Доњецка народна република воведе воена состојба

Од:

Самопрогласената Доњецка народна република воведува воена состојба, изјави Денис Пушилин, шеф на Врховниот совет на републиката.

– Во Доњецка народна република се воведува воена состојба. Главна цел е да се исчисти територијата на републиката од украински воени единици, изјави Пушилин за ИТАР-ТАСС.

Пушилин ја отфрли намерата на Петро Порошенко, лидерот на претседателските избори во Украина, да го посети регионот Донбас.

– Посетата не е соодветна, бидејќи народот на Доњецка народна република е против претставените кандидати. Никој од нив не ги осуди криминалните акции на киевските власти, поради кои се уште умираат цивили. Никој од нив не ги осуди случувањата во Одеса. За што да зборуваме, истакна лидерот на самопрогласената република.

Дијалогот меѓу Доњецката народна република и властите во Киев е можен само со посредници, истакна Пушилин.

Би можело да ве интересира

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Новогородовка во Доњецк

Русија зазеде уште едно важно место во Доњецк

(ВИДЕО) Гранатиран трговски центар во близина на Доњецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Доњецк: Најмалку две жртви, четворица ранети во украински ракетен напад

А1он

Началникот на руската војска: Фокусот на Москва е „ослободувањето“ на украински Доњецк

А1он

Снимка од нападот на окупираниот Доњецк

А1он