Романската владејачка Социјалдемократска партија денеска го објави составот на новата влада во која се наоѓаат поголем број министри во заминување на сменетиот премиер Сорин Гриндеану.
Лидерот на социјалдемократите Ливиу Драгнеа изјави дека сите министри, освен за финансии и за европски работи, ќе ги задржат функците.
– Немам чувство дека освоив награда… Ме именува лидерот на партијата, ме именуваа колегите… да работам во интерес на земјата. Мој приоритет ќе биде примена на програмата на владата, изјави мандатарот Михај Тудосе.
Јонут Миса ќе го замени Вијорела Стефан на функцијата министер за финансии, додека Виктор Негреску ќе биде министер за ЕУ, а сенаторот Михај Фифор ќе биде нов министер за земјоделство.