Само 17% од Французите стравуваат по џихадистичките напади

Од:

Само 17 отсто од Французите стравуваат по џихадистичките напади во кои 17 нивни сонародници ги изгубија животите, покажува испитувањето на јавното мислење на „Одокса“ за весникот „Паризиен Диманп/Ожурдуи ан Франс“, јави дописникот на МИА од Париз.

На прашањето кои чувства преовладуваат кај вас по последните настани, 61 отсто изјавиле „бес“, 49 проценти „мачнина“, 46 отсто „солидарност“ и 17 проценти „страв“.

Во истото испитување 81 отсто од Французите велат дека се подготвени да се мобилизираат за да им оддадат почит на жртвите во терористичкиот напад, додека 18 проценти одговориле негативно.

Што се однесува до повикот за „национално единство“, 79 отсто од испитаниците изјавиле дека тоа е добар одговор, бидејќи покажува дека демократијата е посилна од тероризмот. Само 20 проценти мислат дека тоа е лош став, бидејќи е лицемерен одговор на политичарите.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски