САД: Жена со автомобил влета во толпа луѓе, меѓу повредените и пет деца

Од:

Возило управувано од 34-годишна жена од Гарден Сити, Канзас, прегази 12 лица во градот Вичита, во американската сојузна држава Канзас, соопшти локалната полиција.

Шестгодишно момче и 35-годишен маж загинаа, а 10 лица се повредени кога жената во саботата попладне со својот пикап влета на фудбалски натпревар за млади, кој се одржуваше во градскиот спортски комплекс во Вичита.

Жената што управуваше со возилото е приведена, а засега не е познато дали нејзината постапка била намерна, пренесува Ен-Би-Си њуз.

„Досега таа соработуваше во истрагата“, изјави капетанот на полицијата во Вичита, Арон Мозес.

Тој потврди дека двете загинати лица биле од градот Мекферсон, но не биле во роднинска врска.

Меѓу повредените има пет деца на возраст од пет до девет години, како и пет мажи и жени на возраст од 28 до 68 години.

„Повредите се движат од полесни, како модринки, до исклучително тешки. Сепак, во овој момент веруваме дека тие не се опасни по живот“, изјави капетанот Мозес.

Би можело да ве интересира

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск