„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска беше домаќин на премиерот на Италија – Џорџа Мелони во Белата куќа во Вашингтон. Трамп на влезот во Белата куќа срдечно ја поздрави и рече дека таа е „одлична личност“.

Според претходно објавениот распоред имаат закажан ручек, по што имаат билатерална средба. При влегувањето во Овалната соба тие одговараа на прашања од претставници на медиумите.

Трамп на почетокот зборуваше за царинските мерки. Тој изјави дека преговорите со многу земји се во тек.

„Соединетите Американски Држави се „ограбени“ и беа експлоатирани од многу земји во светот. Тоа нема да се повтори, ќе направиме подобри зделки“, рече Трамп во воведниот дел, пренесува британски „Гардијан“.

Потоа се посвети на својот гостин од Италија. Веднаш почна со комплименти.

„Таа е одличен премиер, работи одлична работа во Италија. Ние сме многу горди на неа. Ја познавам од почетокот, тогаш веќе видов дека има талент. Таа е една од ретките вистински лидери во светот. Многу сум горд што сум со неа“, изјави американскиот претседател за Мелони.

Потоа дојде редот таа да даде изјави. Ги коментираше царинските мерки.

„Европската унија ќе постигне договор за царините. Ќе го поканам господинот Трамп во Италија. Дојдов овде да разговараме за тоа што ни треба на сите, ќе најдеме начин да ги зајакнеме двете страни“, рече Мелони.

Би можело да ве интересира

Трамп: Се приближуваме до договор за Русија и Украина

А1он

Внуката на Трамп вели дека нејзиниот чичко можеби има Алцхајмерова болест

Тајни снимки од Белата куќа: Трамп беснееше, викаше и пцуеше: „Ебете се!“

„Пријателството бара почит“ – Мелони го нападна Трамп

А1он

Трамп: Ова е пиштолот на напаѓачот, наполнет, со уште два полни шаржери

А1он

Трамп: Кина жива ќе ја изеде Канада

А1он