САД планира затварање на 30 амбасади и конзулати

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за затворање на речиси 30 амбасади и конзулати како дел од плановите за спроведување значајни промени во американското дипломатско присуство во странство. Ова беше наведено во интерен документ на Стејт департментот до кој CNN имал пристап.

Во документот се препорачува затворање на 10 дипломатски претставништва и 17 конзулати, вклучително и два во Босна и Херцеговина, имено конзуларните одделенија во Мостар и Бања Лука, пет конзулати во Франција, два во Германија, еден во Обединетото Кралство, еден во Јужна Африка и еден во Јужна Кореја.

Во документот се препорачува и намалување на присуството на американските дипломатски претставништва во Сомалија и Ирак, земји кои беа клучни за американските напори за борба против тероризмот.

Администрацијата на Трамп, поттикната од Одделот за владина ефикасност предводена од Илон Маск, прави напори да ја намали големината на федералната администрација.

Се уште не е познато дали американскиот државен секретар Марко Рубио го одобрил предложеното затворање на американските дипломатски претставништва.

Би можело да ве интересира

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

МВР и Амбасадата на САД ќе спроведат заедничка вежба за вонредни ситуации

А1он

Амбасада на САД во Приштина: Оставете ги поделбите, посветете се на епидемијата

А1он

Неколку дена пред заминување, Тодоров разрешувал и именувал, отворал и затворал конзулати

А1он