САД не се загрижени поради руските бродови кон Сирија

Од:

САД се запознати дека руска поморска флота се упатила кон Сирија, но нема причина за загриженост, соопшти Белата куќа.

Портпаролка на американскиот Национален совет за безбедност Ерин Пелтрон изјави синоќа дека во овој момент нема причина да се верува оти тој потег е нешто невообичаено.

Повеќе руски воени бродови испловија во насока кон Тартус, руска поморска база во Средоземното Море. Руски медиуми јавија дека тој потег не е поврзан со влошувањето на ситуацијата во Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад