САД ќе и доделат на Украина дополнителна помош од 53 милиони долари

Од:

САД ќе и доделат на Украина дополнителна помош во вредност од 53 милиони долари, вклучувајќи и радарски систем.

Високи извори од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама најавија денеска дека 46 милиони долари се наменети за зајакнување на безбедноста на Украина, односно за да им се спротивстави на проруските сепаратисти во источниот дел на земјата. Уште седум милион долари се предвидени за хуманитарна помош, јави БТА.

Најавата за новата помош е објавена додека украинскиот претседател Петро Порошенко е во посета на Вашинтон, каде вечерва треба да се сретне со Обама и со членови на Конгресот.

Радарскиот систем регистрира и локализира артилериски и минофрлачки напади и ја следи траекторијата на оружјето. Тој ќе им помогне на украинските воени сили навремено да реагираат.

Истите извори нагласија дека помошта не вклучува смртоносни оружја, на кои инсистираа неколкумина републиканци од Конгресот.

Би можело да ве интересира

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Три европски земји ги затвораат своите амбасади во Киев

Украина „психолошки“ се подготвува за преговори со Русија