Одбранбените сили на САД, Јапонија, Австралија и Филипините ќе спроведат „поморски кооперативни активности“ во Јужното Кинеско Море на 7 април за поддршка на слободен и отворен Индо-Пацифик, соопштија земјите денеска, во време кога политиката на Кина во морето станува се поагресивен.
„Еднодневните поморски вежби ќе вклучуваат комуникациски активности и маневри во ексклузивната економска зона на Манила во Јужното Кинеско Море“, изјави за новинарите портпаролот на филипинското Министерство за одбрана Арсенио Андолонг.
Американскиот борбен брод USS Mobile, австралискиот HMAS Warramunga и јапонскиот JS Akebono ќе им се придружат на двата филипински, рече Андолонг.
„Ќе оди од север кон југ и ќе ја опфаќа границата на западната и северната команда“, додаде тој.
Активноста ќе ја зајакне интероперабилноста на доктрините, тактиките, техниките и процедурите на вооружените сили на земјите, се вели во заедничката изјава.
Четирите земји го потврдија својот став дека одлуката на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, кој во 2016 година пресуди дека Пекинг нема историско право на Јужното Кинеско Море, е конечна и правно обврзувачка.