САД доделуваат 1,2 милиони долари на украинските медиуми за претстојните избори САД објавија дека доделуваат 1,2 милиони долари за поддршка на украинските медиумиза закажаните на 25 мај претседателски избори во земјата.
– Новинарите се соочуваат со сериозни предизвици и опасности во изминатите неколку месеци, изјави портпаролката на Стејт департментот Мари Харф, додавајќи дека над 500 новинари биле измачувани или киднапирани во Украина од ноември, а еден репоертер е убиен.
Дополнителен износ ќе биде доделен преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Средствата ќе помогнат за заштита на новинарите во ранливи ситуации и ќе придонесе за напредок на слободата на печатот во Украина, истакна Харф.