Саакашвили нема да поднесе оставка и покрај барањето на опозицијата

Од:

Партијата на грузискиот претседател Михаил Саакашвили го отфрли денеска повикот на опозицијата да си поднесе оставка по шокантниот пораз на парламентарните избори што се одржаа во понеделникот.

Саакашвили го призна поразот и вети дека ќе и помогне на коалицијата на милијардерот Бидзина Иванишвили “грузиски сон” да формира нова влада.

Иванишвили, кој сака да стане премиер, а за тоа му е потребна формална номинација на претседателот на државата, го повика Саакашвили да поднесе оставка, наведува АФП.

И покрај поразот на неговата партија на изборите, Саакашвили би требало да ја извршува функцијата претседател уште една година, кога завршува неговиот двегодишен мандат.

Претседателот на парламентот во заминување, кој е член на партијата на Саакашвили, Давид Бакрадзе на прес конференција на новинари изрази надеж дека повикот за оставка на Саакашвили е само изолиран инцидент во еуфоријата од победата, кој нема да предизвика криза и конфронтација.

Тој рече дека признавањето на поразот на Саакашвили, како и начинот на спроведување изборите, што меѓународните набљудувачи ги пофалија, покажува колкав напредок е направен во Грузија, со деветгодишното владеење на неговата партија.

„Овие избори јасно покажуваат дека демократијата во Грузија успеа“, рече Баркадзе.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он