Рути: Да не ги сфаќаме Русите премногу сериозно

Од:

НАТО не треба да ги преценува можностите на Русија, изјави генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, обидувајќи се да ги ублажи загриженостите за хибридните активности на Москва против алијансата.

„Да ѝ веруваме на нашата армија. Да не ги сфаќаме Русите премногу сериозно“, рече Руте на прес-конференција по состанокот со министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Коментарите на Руте доаѓаат во услови на зголемени тензии меѓу НАТО и Москва, поттикнати од руските упади во воздушниот простор на сојузниците, како и ескалацијата на саботажните активности и кибер нападите.

Руте нагласи дека земјите од НАТО се „25 пати поголеми од Русија“ во економска смисла. Зборувајќи за неодамнешните воздушни напади, генералниот секретар истакна дека е тешко да се утврди дали тие биле намерни или не.

„Ние сме толку посилни од Русите што не мора да ги соборуваме нивните авиони кога ќе влезат во нашиот воздушен простор“, истакна тој.

Изјавата е во спротивност со растечката вознемиреност кај другите западни претставници, од кои некои повикаа на соборување на руските авиони доколку ги преминат сојузничките граници.

Во септември, полските сили соборија неколку руски беспилотни летала што влегоа на полска територија. Неколку дена подоцна, руски беспилотен авион влезе во романскиот воздушен простор, но Букурешт одлучи да не го собори.

Би можело да ве интересира

Руте: Европските држави подготвени за распоредување трупи во Украина доколку Москва го прекрши мирот

Горан Наумовски

Руте: Три земји-членки на Алијансата не даваат согласност за членство на Украина во НАТО

Зеленски: Ќе се откажеме од членството во НАТО ако добиеме силни безбедносни гаранции

„Њујорк тајмс“: Украина го отфрла предлогот на Трамп за Донбас и членството во НАТО

„Аксиос“: САД се подготвени да ѝ понудат на Украина безбедносни гаранции моделирани според Член 5 на НАТО

(ВИДЕО) Кој ќе ја почне следната голема војна: Руте вели Русија, Москва тврди НАТО

Катерина Ѓуровски