Руте: Путин е подготвен да ја продолжи војната

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека руските напади на Киев минатата ноќ, во кои беа погодени цивилни подрачја и дипломатската мисија на ЕУ во Киев, а загинаа најмалку 18 луѓе, покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја продолжи војната.

Сите сме шокирани од она што се случи, пред сè затоа што ова се напади кои не се насочени кон воени мети, ова се цивилни мети. Додека се обидуваме да направиме сè за да го поддржиме американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши оваа војна, во меѓувреме, рускиот претседател Путин е подготвен да продолжи со тоа, да продолжи да напаѓа невини цивили во Украина, рече тој на прес-конференција во германскиот град Вирцбург.

Руте информира дека денеска се консултирал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и високата претставничка за надворешни работи, Каја Калас, по рускиот напад на претставништвото на ЕУ во Киев, пренесува германскиот Н-ТВ.

Нападот уште еднаш докажува дека не смееме да бидеме наивни во врска со Русија, предупреди Руте.

Меѓутоа, тој рече дека Русија е способна и за хибридно војување.

Ако сметаат дека е неопходно, можат дури и да извршат атентат, нагласи Руте.

Според него, Русија исто така се обидува да го наруши цивилниот воздушен сообраќај, на пример во Германија и балтичките држави.

Би можело да ве интересира

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Марк Руте: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан

Руте: Русија покажува дека нема сериозни намери да постигне мир

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

ВИДЕО: Што би добил Трамп од „рамковниот договор“ за Гренланд

Катерина Ѓуровски

Руте: Нема јавно да ги коментирам за тензиите меѓу САД и Европа