Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека на Украинците мора да им се обезбеди сè што им е потребно за да ја продолжат борбата и да ги бранат не само фронтовските линии, туку и градовите и цивилите.

Тој на Минхенската безбедносна конференција рече дека за време на неговата неодамнешна посета на Украина, луѓето му рекле дека „никогаш нема да се предадат“.

„За да останеме силни во оваа борба, мора да разбереме дека Русите не победуваат, бидејќи тие остваруваат многу мал напредок, толку мал што е речиси незначителен“, рече Руте.

Зборувајќи за безбедносните гаранции на Украина по војната, тој повтори дека има „голема промена во начинот на размислување во рамките на НАТО“, бидејќи „Европејците преземаат поголема одговорност за сопствената одбрана“.

Тој истакна дека е клучно да се обезбеди претседателот на Русија, Владимир Путин, „никогаш повеќе да не се обиде да изврши инвазија“.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски