Руте: Ние сме подготвен да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по упадот со руски беспилотни летала во Полска, изјави дека е во тек целосна проценка на ситуацијата.

Тој исто така нагласи дека „без разлика дали било намерно или не, тоа било апсолутно, неодговорно, апсолутно опасно“.

„Путине, мојата порака е јасна: запрете ја војната во Украина, запрете ја ескалацијата на војната“, нагласи Руте, додавајќи дека сега оваа војна е против невини цивили и цивилна инфраструктура.

„Престанете да го нарушувате воздушниот простор на сојузниците. Знајте дека сме подготвени, дека сме будни и дека ќе го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО“, додаде Руте во својата порака до рускиот претседател.

Тој рече дека го смета одговорот на НАТО синоќа за „многу успешен“.

„Секогаш мора да се осигураме дека сме еден чекор понапред, но мислам дека синоќа покажавме дека сме способни да го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО, вклучувајќи го, секако, и нејзиниот воздушен простор“, заклучи Руте.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова и Руте: Македонија е столб на безбедноста на Западен Балкан

Руте во официјална посета на Македонија

А1он

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Марк Руте: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан