Руте: На Украина никогаш не и било ветено членство во НАТО

Од:

Лидерите на НАТО никогаш не и ветиле на Украина дека ќе стане членка на Алијансата доколку потпише мировен договор со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

„Мораме да се погрижиме (рускиот претседател) Владимир Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина, тоа е од клучно значење… но никогаш немаше ветување за Украина дека како дел од мировниот договор ќе стане дел од НАТО“, изјави Руте за новинарите, пренесе Ројтерс.

Нападот на Русија врз Украина започна на 24 февруари 2022 година, по што украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано изјави дека земјата сака да стане членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски