Руте: Мора да продолжиме да ѝ помагаме на Украина

Од:

Победата во војната во Украина е само „далечен сон“ за рускиот претседател Владимир Путин, но сојузничките земји мора да продолжат да ја поддржуваат Украина, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

„Војната не нè чека, сега е време за акција“, изјави Руте пред новинарите во Берлин, по состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, пренесува Скај њуз.

Руте рече дека партнерите на Киев на состанокот на Контакт групата ја потврдиле својата поддршка за одбраната на Украина.

Според него, Европа не смее да го изгуби фокусот на Украина, и покрај тоа што се соочува со други „итни безбедносни предизвици“.

„Нема одмор во агресивната војна на Русија, пренесува Танјуг. Русија продолжува со своите брутални напади дење и ноќе“, рече Руте.

Тој оцени дека безбедноста на Украина значи и безбедност на другите земји-членки на НАТО.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина