Руте до членките на НАТО: Дадете повеќе средства, вашата слобода и просперитет зависат од тоа

Од:

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги повика денеска 32-те земји-членки на блокот да посветат повеќе ресурси, опрема и политичка енергија за најголемиот воен сојуз, во време кога САД се повлекуваат од водечката безбедносна улога во Европа.

„Во 2025 година мораме значително да ги зголемиме нашите напори за да обезбедиме НАТО да остане клучен извор на воена корист за сите наши земји. Нашата континуирана слобода и просперитет зависат од тоа“, напиша Руте во својот годишен извештај, објавен на веб-страницата на Алијансата, пренесува АП.

Во извештајот се проценува дека 22 земји-членки на НАТО ја постигнале целта да издвојат најмалку два отсто од БДП за воениот буџет минатата година, додека Белгија, Канада, Хрватска, Италија, Луксембург, Црна Гора, Португалија, Словенија и Шпанија не.

Би можело да ве интересира

Руте: Русија останува најзначајната и најдиректна закана за нашата безбедност

Руте: Ормутскиот теснец мора да биде повторно отворен

А1он

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова и Руте: Македонија е столб на безбедноста на Западен Балкан

Руте во официјална посета на Македонија

А1он

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он