Украинската поп ѕвезда Руслана, побара помош од САД и го повика американскиот претседател Барак Обама да покаже „храброст“ и да ги сопре руските акции во нејзината држава.
-Граѓани на светот, молам за помош. Рускиот претседател Владимир Путин претставува предизвик за сите нас- рече евровизиската победничка на приемот во Вашингтон, пред околу 800 присутни, меѓу кои беа и министерот за одбрана на САД, Чак Хејгел, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и други официјални лица.
-Претседателе Обама, зборовите не може да ги сопрат тенковите. Војната може да се сопре само со одлучна акција. Бидете лидер, ставете и крај на војната, помогнете и на Украина и сочувајте ја слободата- изјави активистката за проевропска Украина и додаде дека тоа не е прашање за санкции или оружје, туку прашање за храброст.
Е. Г.