Рускиот „трговецот на смртта“ го повика Трамп: Животот ти е во опасност

Од:

Рускиот трговец со оружје Виктор Бут, ослободен од американски затвор минатата година, го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп да побара засолниште во Русија бидејќи неговиот живот е „во опасност“.

АФП пренесува дека Бут, познат и како „Трговецот на смртта“, бил заменет со американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер во размената на затвореници меѓу Москва и Вашингтон во декември.

„Верувам дека вашиот живот е во опасност“, напиша Бут во телеграмата испратена до Трамп и прикажана на новинарите во Москва. „Администрацијата на Бајден нема да застане само со тоа што ќе ве влече низ индустрискиот комплекс суд/затвор. Тие повеќе би сакале да ти стават крај на животот отколку да те остават да им застанеш на патот“.

Во вторникот, Доналд Трамп стана првиот поранешен претседател на САД обвинет за кривично дело кога се појави во њујоршкиот суд и се изјасни за невин по 34 кривични дела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рускиот „трговец на смртта“ се пожали на условите во затворите во САД: Помфритот со хамбургерот беше препржен

А1он

Ослободeниот руски трговец со оружје Виктор Бут се приклучи на руската националистичка партија

А1он

Разменетиот руски затвореник Виктор Бут: Западот се обидува да ја „подели“ Русија

А1он