Рускиот опозиционер Алексеј Навални прогласен за виновен поради измама

Од:

Регионалниот суд во рускиот град Киров го прогласи опозиционерот Алексеј Навални за виновен по делото за присвојување на дрва во вредност од 500.000 долари од локално државно претпријатие во 2009 година.

Судијата Сергеј Блинов подоцна во тркот на денот ќе ги објави мотивите за ваквата пдлука, анализите од материјалните докази, сведочењата и тврдењата на обвинетиот, по што ќе ја соопшти казната.

Државните обвинители бараат шест години затвор за Навални и пет за второобвинетиот Пјотер Офицеров.

Навални демантира дека извршил прекршување на законот и смета дека делото е политички мотивирано од Кремљ, со цел да се стави крај на неговата политичка кариера.

Изборната комисија вчера официјално ја прифати неговата кандидатура за локалните избори, со што тој стана ден од шестмината кандидати во трката за градоначалник на Москва.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија