Руски воен брод тргна кон Сирија

Од:

Русија денеска испрати воен разурнувач од својата црноморска флота во Сирија.

Разурнувачот „Сметливи”, кој во април и мај патролираше во водите на сирискиот брег, изутринава го напушти црноморското пристаниште Севастопољ.

„Бродот треба да стигне во Сирија утре изутрина”, изјавил неименуван извор на кој се повика агенција Ројтерс.

Морнарицата одбила да ја потврди дестинацијата на бродот.

„Бродот исплови, ама не можам да ви кажам ништо повеќе”, рече портпаролот на руската Црноморска флота, Вјачеслав Трукачјов.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад