Руски специјалци убија денеска петмина исламисти во Република Дагестан, во нестабилниот севернокавкаски регион, јавија руски медиуми.
Еден војник бил ранет во престрелката во градот Бујнакск со екстремистите.
Руските сили за безбедност повеќе од две децении се борат со исламистички бунтовници, кои бараат независна држава во Северен Кавказ.