Руски шпион или украински херој: Мистериозната смрт на Денис Киреев

Од:

Украинскиот преговарач Денис Киреев, кој на почетокот на војната беше пронајден мртов на улица во Киев со прострелна рана во главата, беше убиен при апсење, со огнено оружје.

Тој беше обвинет за велепредавство, а беше убиен од Службата за безбедност на Украина (СБУ), изјави претставникот Олексеј Хончаренко на почетокот на март минатата година. Во тоа време, Хончаренко рече дека СБУ има јасни докази за предавството на Киреев, кои вклучуваат телефонски разговори.

Сега Wall Street Journal пишува дека Киреев не бил предавник и дека ги информирал украинските власти за датумот на руската инвазија на Украина и кога Русите ќе го нападнат Киев.

Неколку дена откако беше убиен, беше погребан како херој. Како што изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба, генерал Кирил Буданов за Wall Street Journal, Киреев на Киев му ги доставил информациите што ги добивал преку неговите контакти во Русија, кои помогнале во одбраната на Киев.

„Да не беше Киреев, Киев најверојатно ќе паднеше“, изјави Буданов за Wall Street Journal. Киреев умре на 5 март под мистериозни околности во Хостомел, додека руските сили се мачеа да напредуваат кон главниот град на Украина.

Подоцна беше сугерирано дека тој работи како двоен агент за Русите. Сепак, СБУ издаде соопштение дека Киреев настрадал додека бил на должност во специјална мисија.

Киреев учествуваше на мировните преговори на 28 февруари во Гомел, Белорусија, во раните фази на руската инвазија на Украина. Буданов рече дека кога во есента 2021 година, американската војска и разузнавањето почнале да ја предупредуваат Украина за заканата од голема војна со Руската Федерација, и дека Киреев од неговите извори дознал дека Москва навистина планира инвазија, тој бил првиот кој ќе ги извести украинските власти за тоа.

Попладнето на 23 февруари, Киреев му дал на генерал Буданов нови разузнавачки информации – рускиот претседател Владимир Путин дал наредба за инвазија планирана за утрото на 24 февруари.

Според Буданов, Киреев го знаел не само датумот, туку и клучната точка на нападот, а тоа е аеродромот во Гостомел. Русија имаше намера да го искористи пристаништето за пренос на војници и опрема за нападот на Киев. Околу осум часот наутро на 24 февруари, руски хеликоптери всушност се обиделе да слетаат на аеродромот Антонов во Гостомел.

„Токму информацијата на Киреев и даде на Украина неколку драгоцени часови да ги прераспореди војниците за да се спротивстави на руската офанзива“, рече Буданов. По жестоката битка со руските падобранци, аеродромот бил оштетен и неупотреблив за напаѓачите.

Министерот за внатрешни работи на Украина, Денис Монастирски, кој загина во хеликоптерска несреќа пред неколку дена, на 3 јуни изјави дека на почетокот на инвазијата, окупаторите имале тајни информации за локацијата на одбранбените утврдувања и единиците на вооружените сили на Украина во Гостомел.

„Тоа е проблемот на шпиони, саботери кои беа активни во тоа време и кои придонесоа во првите минути непријателот да има толку сигурни успеси“, изјави тогаш Монастирски.

Хостомел стана мета на руската армија уште од првите денови на војната. Градот бил гранатиран и бомбардиран од воздух, а Русите се обидоа да слетаат на локалниот аеродром Антонов. Градот беше тешко разорен, а окупаторите го уништија и украинскиот тежок транспортен авион Мира на аеродромот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Моментот на експлозијата која го уби рускиот генерал

ВИДЕО: Украинските служби го убија генералот Кирилов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во експлозија во Москва убиен еден од најважните руски генерали

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: „Нашите специјални сили ги уништуваат Севернокорејците во Курск“

Путин: Не туркаат кон црвената линија, ќе мора да одговориме

ВИДЕО: Синот на Трамп објави монтирано видео на кое татко му го удира Зеленски со нога во глава

Катерина Ѓуровски