Руски рубљи за Дамаск?

Од:

Сирискиот режим повеќе нема многу сојузници. Но, се уште може да смета на Русија и Кина. Од Москва сега треба да пристигне и финансиска помош на сирискиот режим.

Ни поканите на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, ни предлозите за компромис на специјалниот пратеник Кофи Анан, ни санкциите против членовите на владата, не го импресионираа сирискиот претседател Башар ал Асад. Додуша, меѓународниот притисок на него е се посилен.

Сепак, владите во Москва и Пекинг и 18 месеци по почетокот на востанието против сирискиот режим и понатаму го поддржуваат Асад.

Недостиг на нафтени деривати

Во меѓувреме се чини дека сириската влада не само политички туку и финансиски зависи од Русија. Според наводите на медиумите во почетокот на август во 2012 владата во Дамаск ги замоли своите сојузници во Москва за финансиска и стопанска помош. Со тоа таа сака да ги намали последиците од западните санкции кои во меѓувреме го опфаќаат извозот на сириската нафта.

Потпретседателот на владата Кадри Џамил на разговорите во Москва посебно се жалеше на недостиг на нафтени деривати како што е дизелот. Русија има намера да го преиспита неговото барање, соопшти руската новинска агенција РИА Новости. Аналитичарите поаѓаат од тоа дека Сирија наскоро ќе ги потроши девизните резерви во висина од 14 милијарди евра.

– Русија презема задача повторно да и помогне на Сирија на економски план, изјави Џамил.

Но, од таа помош нема да има корист само Дамаск, оценува Герхард Фулда поранешен германски амбасадор кој со години како дипломат работел во арапските земји. – Русија е заинтересирана со една нога да остане на Блискиот исток. Малку области преостанаа каде Русија може да води светска политика, смета Фулда.

Сирија денес претставува остаток од советската зона на влијание која порано опфаќаше половина од арапскиот свет. Со падот на либискиот диктатор Моамер ел Гадафи таа област неодамна повторно се намали.

Оружје за сирискиот режим

Со ветото во Советот за безбедност на Обединетите нации, на Русија до сега и успеваше да го спречи обидот на меѓународната заедница да преземе поостри чекори против сирискиот режим. Не е чудно, со оглед на тоа дека Русија веќе со децении испорачува оружје на Сирија.

Како против услуга, Сиријците на Русите овозможуваат пристап до нивното пристаниште на Средоземното море, база во сирискиот Тартус. Загубата на тоа пристаниште руската флота ќе ја врати на Црно море што би било тежок удар за долговековните амбиции на Русија да биде сила и на Средоземното море.

Страв од политички пресврт

Руската Влада го поддржува сирискиот режим затоа што се плаши и од последици од политички пресврт.

– Алтернатива на Асад би била сунитска, веројатно фундаменталистичка влада, вели Герхард Фулда. Тоа може да влијае и на исламските републики во централна Азија. Во државите кои порано припаѓаа на Советскиот сојуз, Русија како регионална и заштитничка сила има свои интереси.

Како и Кина, и Русија е заинтересирана да стане влијателна на Западот и неговите сојузници во регионот, како што тоа на пример е Саудиска Арабија. Затоа таа не ја поддржува само Сирија туку кооперира и со Иран, најблизок сириски сојузник. Русија очигледно нема проблеми со тешките кршења на човековите права во режимот на Асад. Според тоа, руските рубљи за Дамаск се сосема можни.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка