Патријархот на Руската православна црква, Кирил апелираше монасите да не користат мобилни телефони за пристапување до интернет, за да избегнат да дојдат до искушение.
-Интернетот стана големо искушение. Според мене монасите се однесуваат прилично неразумно. Од една страна тие се повлекуваат од светот за да создадат поволни услови за спасување, а од друга користат мобилни телефони за пристапување до интернет, каде како што знаеме дека има голем број погрешни работи-истакна тој.
Патријархот претходно предупредуваше на „манипулации“ на интернет, но еден неименуван претставник на црквата тврди дека и самиот Кирил користи интернет за пребарување на информации.
Елена Георгиевска