Руски напад на југоисточна Украина, седум мртви

Од:

Руските сили го нападнаа градот Вилњанск во близина на украинскиот град Запорожје во југоисточна Украина, при што загинаа најмалку седум лица, меѓу кои две деца, а најмалку 18 се повредени, соопштија украинските локални власти.

„Денеска непријателот изврши уште еден страшен терористички чин против цивилното население“, рече гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, во видеото на Телеграм.

– Нападот се случи „среде бел ден, во центарот на градот, каде луѓето се одмараа, каде што немаше воени цели, рече Федоров.

Тој додаде дека во нападот била оштетена инфраструктура, продавници и станбени згради.

Би можело да ве интересира

Русија не сака мировни сили на НАТО во Украина

ЕУ ќе обезбеди финансиска помош од 35 милијарди евра за Украина

Русите извршија ракетен напад врз Украина, едно лице загина, 45 се повредени

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски