Руски медиуми: Асад e отруен, „почна силно да кашла и да се гуши“

Од:

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад наводно e отруен во Русија, а руските медиуми тврдат дека труењето изгледа како обид за атентат врз него. Асад и неговото семејство побегнаa во Русија и наводно се во Москва откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Сирија. Кремљ тогаш нагласи дека Путин лично ја донел одлуката за евакуација на Асад.

Во текот на викендот во различни руски медиуми се појавија информации дека Асад бил отруен. Според телеграм каналот General SVR, кој наводно го води една од поранешните највисоки руски разузнавачки агенции, Асад почнал да се чувствува лошо во неделата, велејќи дека има тешкотии со дишењето. Како што се дознава, поранешниот сириски диктатор повикал лекарска помош, по што неговата здравствена состојба наводно дополнително се влошила.

„Речиси веднаш по повикот за медицинска помош, тој почна силно да кашла и да се гуши“, се вели во написот.

Наводно, претставниците на Кремљ биле веднаш известени за ситуацијата и била издадена наредба Асад да се лекува дома, а не во која било медицинска установа, меѓутоа, до понеделник неговата здравствена состојба била стабилна и наводно се чувствувал подобро.

Сепак, крвните тестови наводно покажале „траги од изложеност на токсична супстанција во неговото тело“.

Како што е наведено во извештајот испратен до помошникот на рускиот претседател Николај Патрушев, истрагата е во тек, но сè уште не е можно да се утврди како Башар ал Асад бил изложен на отровот.

Би можело да ве интересира

Трагедија во БиХ: Тројца починаа од труење со јаглерод моноксид

Горан Наумовски

Сопругата на Башар ал Асад е тешко болна, во Москва се борат за нејзиниот живот!?

А1он

Башар ал Асад со прва изјава по бегството во Русија, тврди: Сирија сега е во рацете на терористите

А1он

Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети

Ројтерс: Асад ги криел своите планови за бегство од Сирија од роднини и соработници

ВИДЕО: Бунтовниците го запалија гробот на таткото на Асад