Руски генерал: Ако Западот воведе забранета зона за летови над Украина, ќе ги нападнеме земјите од НАТО

Од:

Русија нема да им дозволи на државите од Северноатлантскиот договор да воспостават зона забранета за летови над Украина, изјави генерал-потполковник на Руската Федерација – Владимир Попов во интервју за руски „Инфо24“.

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски изјави дека Варшава и нејзините сојузници треба да го разгледаат прашањето за создавање зона забранета за летови над територијата на Украина. Според него, земјите од НАТО веќе неколку пати разговарале за оваа тема, но не успеале да донесат позитивна одлука.

Сикорски нагласи дека Полска може да соборува беспилотни летала над украинска територија доколку Киев го побара тоа, но дека овој проблем бара учество и на други сојузнички земји.

„Полска и другите земји-членки на НАТО немаат право еднострано да воспостават зона на забрането летање над територијата на Украина. Формално, тие можат да склучат некаков договор со Киев за помош на земјите-членки на НАТО, но според меѓународното право, ова ќе се смета за саботажа. Тоа би било нелегална употреба на сила против Русија, што ние нема да го дозволиме“ – истакна Попов.

Рускиот генерал додаде и дека обидите на земјите-членки на Алијансата да соборат руски беспилотни летала над украинското небо ќе доведат до одмазда на Москва. Според него, вооружените сили на Русија ќе почнат да уништуваат противвоздушни системи директно на територијата на тие земји.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја