Руската полиција откри 248 човечки ембриони во шума во Урал

Од:

„Руската полиција откри 248 човечки ембриони во една од шумите на уралската Свердловска област“, изјави портпаролка на локалното обвинителство.

„Во моментот тече острага во врска со случајот. Ги очекуваме резултатите“, додаде таа.

Ембрионите се наоѓале во четири 50-литарски канти за нафта. Откриени биле во неделата вечерта во близина на селото Аник на околу 75 километри северно од обласниот центар Екатеринбург, соопшти полициската управа во регионот.

Полицајците, повикани од локални жители, покрај кантите пронашле и етикети со цифри, можеби бројот на болниците, кои ги исфрлиле ембрионите.

„Според првичните податоци, најмалку четири болници може да имаат нешто заедничко со скандалозниот инцидент“, изјави Валериј Горелих, портпарол на управата.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он