Руската војска денеска објави дека го освоила селото Билогоривка во Луганската област на истокот на Украина, едно од последните кое се оттргна од руската контрола во областа.
Во септември 2022 година, Русија објави анексија на Луганск и три други украински региони, регионот Доњецк на истокот на земјата, како и регионите Запорожје и Херсон на југ.
„Во текот на борбените дејствија, единиците на јужната формација целосно ја ослободија Билогоривка во Народна Република Луганск и зазедоа поповолни позиции“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Селото Билогоривка се наоѓа во областа Луганск, која речиси целосно е под руска контрола.