Русите во дилема: Интернетот е како Сталин или обратно

Од:

Многу руски интернет портали, списанија и магазини ги објавија фотографиите на дипломската работа на студентот Илија Текхликиди, кој го спореди режимот на Јосиф Висарионовиќ Сталин со социјалните мрежи.

Ова наиде на остра рекција и полемика во јавноста за погрешниот пристап на кој младите се учат за „однесувањето“ на поранешниот советски диктатор.
Работата на студентот во јавноста ја проширила организацијата „Жртви на илегалната политичка репресија“ која го избрала научен труд за да им објасни на младите интернет корисници каков бил всушност Сталин.

– Сталин беше како „Фејсбук“: секогаш бараше од вас да ги споделувате информациите, е еден од наслови на постерот направен како дел од кампањата која требало да асоцира на темната страна на советската историја, кога луѓето беа принудувани од тајната полиција да ги пријавуваат своите пријатели и соседи.

Друга пак слика го покажува логото на „јутјуб“ со Сталин, придружена со зборовите: Сталин беше како „јутјуб“, секогаш подготвен да собере и да ги испрати луѓето, алудирајќи на „големата чистка“ во текот на која неистомислениците беа насилно носени во камповите во Сибир, каде што повеќето останаа до крајот на својот живот.
Организацијата ја избрала дипломската работа на Илија и поради неговата фамилијарна историја. Прадедото на студенот бил стрелан во 1937 година, а неговата баба со трите деца биле однесени во „камовите“.

Организација ги обединува жртвите на режимот на Сталин и тие ова го објаснија со зборовите дека само користат јазик што младите луѓе го рабираат.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот