Русите тврдат дека презеле контрола над два града во Украина

Од:

Официјална Москва соопшти дека руски трупи ја презеле контролата врз градовите Бердјанск и Енерходар во југоисточна Украина, пренесе ДПА.

Бердјанск се наоѓа на Азовското Море и неговото заземање веќе било пријавено од украинската страна. Енерходар се наоѓа северозападно од пристанишниот град Мариупол. Неговото заземање не е потврдено од Украинците.

Ова го соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков кој направи и преглед на воените напади од почетокот на инвазијата рано во четвртокот.

Оттогаш се уништени се 1.100 воени објекти, рече тој, а погодени се и 314 тенкови и други воени возила, како и 57 ракетни системи. Оваа информација не може независно да се потврди, напоменува ДПА.

Во источниот регион на Донбас, сепаратистите поддржани од Русија напреднале уште 19 километри. Оваа информација, исто така, не може да биде потврдена од независен извор.

Би можело да ве интересира

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он

Руско МНР: Москва е против замрзнување на конфликтот во Украина

А1он

ВИДЕО: Присилна мобилизација во Украина, војната нема да се реши за сто дена

А1он

Трамп, не играј си ултиматуми со Русија

А1он