Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Од:

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската армија го ослободила селото Бердичи од предградието Авдеевка, пренесува РИА Новости.

„Единиците на силната група „Центар“ целосно го ослободија селото Бердичи од Доњецката Народна Република, а ја подобрија тактичката ситуација и ги поразија формациите на 59-та моторизирана пешадија, 42-та и 47-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина и 109-та воена одбранбена бригада во подрачјата на населбата Воздиженка, Калиново, Сокол, Новопокровское и Прогрес“, се вели во соопштението.

Се додава дека тоа ќе овозможи движење на руската армија кон реката Волочија, каде што се наоѓа една од клучните одбранбени линии на украинската армија.

Нема засега реакција од украинска страна за овие тврдења.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски