Руски суд му го продолжи притворот на американскиот новинар Еван Гершкович до ноември, објави Интерфакс, под обвинение за шпионажа, дело што новинарот го негира. Московскиот суд му го продолжи притворот на новинарот на Волстрит журнал од 30 август на 30 ноември. Гершкович беше присутен на сослушувањето.
Гершкович беше уапсен на 29 март во градот Екатеринбург под обвинение за шпионажа, што предвидува казна затвор до 20 години. Волстрит журнал остро ги отфрли обвинувањата против својот известувач, а САД ја обвинија Русија за заложничка дипломатија во време кога билатералните односи се на најниско ниво во повеќе од 60 години поради акциите на Москва во Украина.
Безбедносната служба ФСБ соопшти дека Гершкович собирал државни тајни информации за руска одбранбена компанија. Кремљ соопшти дека е фатена на дело, но не обезбеди докази за да го поткрепи тврдењето.